Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сиваспор, моментално осмопласираната екипа од турсото првенство ја ангажираше поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, 33-годишниот Бразилец, Робињо.
Денес и официјално беше официјализирана соработката, а Робињо доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Атлетико Минеиро.
Бразилецот моментално има проблем со законот бидејќи кон крајот на 2017 година беше осуден на девет години затвор поради силување. На негова среќа, Робињо имаше право на жалба поради што ќе остане на слобода се додека не заврши новото судење или додека не се ослободи од обвинувањето.
Токму поради тоа турскиот клуб во договорот вметна клаузула: Доколку во меѓувреме заврши новото судење и Робињо биде повторно осуден, неговиот договор со Сиваспор автоматски се прекинува!