Роберто Карлос изведе реприза на најдобриот слободен удар на сите времиња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бразилската и светска фудбалска легенда Роберто Карлос на својот Инстаграм профил сподели видео на кое прави реприза на најдобриот слободен удар на сите времиња кое своевремено тој го изведе против Франција во 1997 година.

Во 20. минута од споменатиот натпревар, после фаулот направед над Ромарио, Роберто Карлос го изведе најневеројатниот удар од 35 метри оддалеченост од голот на Фабијан Бартез, кој остана буквално смрзнат од бомбата која ја упати Карлос и начинот на кој се движеше топката. Според многу фудбалски експерти е најдобриот изведен слободен удар на сите времиња.

Сега тој на Инстаграм сподели видео на кое се гледа како изведува удар со исто движење на топката, кој заврши во аголот од голот пред него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Carlos 罗伯特卡洛斯 (@oficialrc3) on