Роберт Де Ниро: „Пандемии како оваа досега сме гледале само на филм“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Холивудската актерска ѕвезда Роберт Де Ниро (76) во интервју за CNN зборуваше за пандемијата на коронавирусот, па истакна дека не е задоволен од реакцијата на властите во Америка.

„Би сакал луѓето и властите да реагираа порано. Имаа доволно предупредувања за тоа. Мислам дека не би биле таму каде што сме да се реагираше порано“, смета актерот.

Тој го спореди и нападот од 11 септември 2001 година, со сегашната ситуација.

„Чувството е идентично, но ова е нешто што сме навикнати да го гледаме во филмовите. Се се одигра пребрзо, ваквите работи, обично ги гледаме само на платното, а сега ни се случуваат на нас“, изјави Де Ниро.