Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По тридневно ракометно дужење и натпреварување, заврши третиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски“. Победник на годинашниот ракометен турнир во Прилеп, кој се организира по трет пат, е екипата на РК „Пелистер“, второто место им припадна на „РК Пролет“ од Скопје, трети на турнирот беа РК „Борец“ од Велес, а домаќините, РК „Прилеп“ беа четврти.
„Викендов Прилеп беше збогатен со уште еден спортски настан кој се одржа во чест на ракометната легенда Миле Нешкоски, ракометниот меморијален турнир кој го носи неговото име и на кој, годинава, присуствуваа одлични ракоменти екипи од Македонија. Честитки до организаторите за одличната организација, како и на екипите – учесници кои дадоа максимум во презентирањето на ракометната игра, овде во салата на СОУ „Р.Р Ричко“. Им честитам на победниците на турнирот, на ракометарите на РК „Пелистер“, како и на наградените играчи. До в година се надевам дека овој турнир ќе прерасне во меѓународен – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој присуствуваше на финалниот натпревар и ги подели наградите на дел од учесниците.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Васко Андоновски од екипата на „Пролет“, за најдобар стрелец Јане Јанчев РК „Прилеп“, а за најдобар голман, Милош Рајчиќ од екипата на РК „Пелистер“. Организаторите најавија дека до година меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ ќе биде и меѓународен.