Ризикот го зголемува либидото?! – Направете го сексот поризичен…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Истиот партнер во сексот може да се третира како „иста мета и исто отстојување“. Затоа некогаш треба да ги поместите границите за да доживеете „огномет“ во креветот, а еден од начините тоа да го постигнете е да имате секс кој предизвикува адреналин за едно скалило повеќе.

Тоа најчесто ќе го постигнете така што ќе го направите сексот поризичен.

Адреналинот кој во тие случаи дополнително расте во вашето тело ве доведува во поинаква позиција, мускулите понапнати, крвта врие низ вашите вени.

А експертот за секс, Ема Гатијер, која работи за компанијата „Лело“, вели дека во сексот исто како и во животот најслатко е токму забранетото овошје.

„Штом правите нешто што е забрането, ќе ви биде поинтересно. Не морате себеси да се доведете во некоја непријатна ситуација, замислете дека водите љубов и дека тоа со себе носи ризик. Внесете малку скриена опасност во вашата секојдневна рутина“, препорачуваа таа на паровите кои сакаат да ги оживеат страстите.

Луѓето најчесто прво помислуваат на секс на јавно место, но бидејќи тоа е забрането, вие замислете дека сте на некое неописиво возбудливо место.

И тоа за почеток ќе биде доволно…