Вебкафе

Ризик јак: Специјални семафори за зависници од смартфони – погодете каде (видео)

Каде на друго место ако не во Кина. Кинезите се принудени да имплементираат во сообраќајот специјални семафори за зависници од смартфони, со цел тие што побезбедно да ги преминуваат улиците.

Зависниците ќе ја минуваат безбедно улицата додека се загледани во своите телефони, така што ќе ги води подземен сигнал.

„Телефонските зомби”, како што популарно ги нарекуваат луѓето со ваква зависност, ќе ги следи подземен сигнал . ЛЕД светлата се поставени во проѕирна водоотпорна кутија, поставена под агол од 45 степени. Така, занесените во своите мобилни телефони ќе бидат следени од овој сигнал на оддалеченост од еден метар.

Освен оваа иновација , Кина воведе и посебни тротоари наменети за оние кои без прекин „мора“ да гледаат надолу во своите телефони.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top