Рита Ора во љубовна врска со синот на актерот Џад Ло


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Дека меѓу нив постојат љубовни искри се дозна минатиов понеделник, кога Рита Ора и Раферти Ло беа видени како се држат за раце додека заедно одат на „афтер“ забавата организирана после овогодинешното доделување на British Fashion Awards.

29-огидшната Рита Ора очигледно се држи до точноста на тврдењето дека „младото е послатко“, со оглед на фактот дека нејзиниот нов дечко, инаку син на славниот актер Џад Ло, убавецот Раферти има 23 години.

Според извори блиски на новопечениот славен пар, Ора и Ло се гледаат последните неколку недели и изгледа дека нивната љубовна врска е прилично сериозна. Тоа се потврди и после „афтер“ забавата по повод British Fashion Awards, кога фатени за раце се упатија во непознат правец поминувајќи пред насобраните фотографи.

Инаку, Раферти Ло својот пат до славата го започна како модел на ревии од најпознатите светски дизајнери на најголемите модни настнаи и недели. Денес, со улогата во римејкот на „Оливер Твист“, има шанса да стане и славен актер. А имајќи во предвид дека негови родители се бившите сопружници Џад Ло и Сади Фрост, и двајцата актери, голема е веројатноста дека „крушата ќе падне под круша“.