Ристовски и Жута шампиони на Хрватска: Ќе го тетовирам трофејот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Риека ја прекина доминацијата на Динамо Загреб во хрватското првенство и на коло пред крајот ја освои шампионската титула.

Екипата за која настапуваат Стефан Ристовски и Леонард Жута, ја освои историската прва титула и воедно ја прекина 11-годишната доминација на Динамо.

„Се уште не можам да верувам, се уште плачам. Ова е нешто неверојатно, нешто за кое сонува секој фудбалер, посебно кога се слави историски момент и во една ваква атмосфера каква што е оваа“, изјави Ристовски.

„Јас сум вистински ријечанец. Што да ви кажам, го сакам овој град, ќе ги тетовирам на моето тело трофејот и градот. Горд сум, и ако еден ден заминам од овој клуб, сакам во Ријека да ја завршам кариерата“, додаде Македонецот.