Најголемите бразилски градови, Рио де Жанеиро и Сао Паоло, буквално ечат од карневалските звуци и ритми, а нивните улици се преплавени од маскираните учесници на најпопуларниот и најброен карневал на светот.
Познат уште и како „најголемата улична забава во светот“, карневалот во Бразил годинава ќе трае до 9 март. Како и секоја година предводници на карневалот се најголемите училишна за самба.












