Рики Мартин: Поради кариерата криев дека сум геј!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пејачот Рики Мартин неодамна се ожени со својот партнер, а сега откри зошто дури на 38-годишна возраст открил дека е хомосексуалец.

Порториканскиот поп пејач гостуваше во емисијата „Daily Show“ која што ја води комичарот Тревор Ноа и отворено зборуваше за својот приватен живот.

„Потребно ми беше многу време за да соберам храброст. Бев опкружен со пријатели кои ми говореа ’немој ни случајно да излезеш со тоа во јавност, тоа сигурно ќе биде крај на твојата кариера’“, изјави Рики Мартин и додаде дека најголема поддршка собрал од луѓето кои што го почитувале, а се „жртви на хомофобија“.

„Од друга страна и моето строго воспитување ме притискаше да ја кажам вистината за она што јас сум. Освен тоа израснат сум во таква средина и култура која наложува дека моите чувства кон мажите се ужасни, неточни и неприфатливи“, изјави Рики кој во 2010 година на својата веб-страница објави дека е геј.

Рики Мартин неодамна се венча со своето момче Џван Џозеф, а допрва ќе прават и свадбена церемонија.