Рики Мартин и неговиот партнер станаа родители – ја посвоија ќеркичката Лусија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славниот пејач Рики Мартин на Инстаграм се пофали дека по трет пат стана татко, прв пат со неговиот сопруг, шведскиот уметник со сириско Џван Јозеф,откако ја посвоија ќеркичката Лусија.

Тој објави фотографија од раката на бебето и напиша дека заедно со неговиот сопруг Џван Јозеф и 10-годишните близнаци, се вљубени во Лусија.

„Пресреќни сме што станавме родители на преубавото и здраво девојче Лусија Мартин Јозеф. Ова се посебни моменти за нас и одвај чекаме да видиме каде ќе нè одведе ова прекрасно бебе. Сите сме вљубени во неа, и нејзините прекрасни браќа и Џван и јас“, напиша Рики Мартин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on

Џван и Рики Мартин ја посвоија Лусија. Пејачот во 2008 година, пак, стана татко на две момчиња-близнаци, кои му ги роди сурогат мајка.

Рики Мартин во 2010 јавно објави дека е хомосексуалец.

„Да продолжам да живеам како што сум живеел досега би значело индиректно да ја затемнам светлината со која беа родени моите деца. Доволно е. Ова мора да се промени. Ова не требаше да се случи пред 5 или 10 години, треба да се случи сега. Денес е мојот ден, денес е моето време и ова е мојот момент. Горд сум што можам да кажам дека сум среќен хомосексуален маж. Многу сум благословен да бидам она што сум“, напиша тогаш Мартин на неговата официјална веб-страница.