Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Музичката ѕвезда и дизајнерка во подем, славната Ријана, во едно подолго интервју за модното списание „Vogue“ зборувала за своите модни и музички потфати. Но, чоколадната убавица од Барбадос не пропушти да го прокоментира и искритикува и претседателот на САД, Доналд Трамп.
На коментарот од првиот човек во Белата куќа за неодамнешното пукање во Ел Пасо, кое тој го нарече чин на кукавици кој е резултат на ментални проблеми, Ријана му одговорила дека погрешно го спелува тероризмот.
„Луѓето се убиваат со оружје кое легално го набавуваат. Ова едноставно не е нормално. Тоа никогаш не би требало да е нормално. А факт е дека е класифицирано како нешто поинакво поради бојата на нивната кожа? Тоа е шлаканица в лице. Целосно е расистички. Ставене Арапи со истотот оружје во тој ист Волмарт во Ел Пасо и нема шанси Трамп таму да би седел и да зборува во јавноста за ментални проблеми. Ми се чини дека претседателот Трамп во моментов е ментално најболното човечко битие во Америка“, изјавила Ријана.