Ријана предизвика „моден земјотрес“ во Њујорк со колекцијата од жешка долна облека


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Џиџи и Бела Хадид, до многу други атрактивни и заводливи манекенки со различни димензии на облини и форма на тело, ја носеа хит колекцијата на долна облека „Fenty“ дизајнерски потпишана од поп ѕвездата Ријана на модната недела во Њујорк.

„Сакам различност, не сакам стереотипи според кои само витки модели може да претставуваат долна облека“, изјави Ријана на модната ревија со нејзината колекција на женска долна облека.

Таа предизвика вистинска еуфорија на Модната недела во Њујорк , каде се претстави со модели од својата колекција X Fenty.

Дури и подиумот беше направен од вештачка трева. На него продефилираа модели од сите бои на кожата или косата, некои од нив беа слаби и некои заоблени. Два модели беа дури и во многу напредна бременост и гордо ги демонстрираа нивните стомаци. Кореографијата наизменично се менуваше од сензуални гестови до лудачки танци, пози од јогата, стриптиз пози, а на моменти имаше и навестување за садо-мазо сцени.

Џиџи и Бела Хадид беа ѕвезди на ревијата на Ријана на која беше презентирана нејзината најнова колекција од линијата „Savage x Fenty“.

Пејачката се надева дека нејзината колекција ќе им даде самодоверба и сила на жените.