Ријана ја откри својата двојничка – „Од шок за малку ќе ми паднеше мобилниот“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„За малку ќе ми испаднеше мобилниот…како?“, напиша 31-годишната Ријана на својот Инстаграм профил покрај објавата на фотографија од девојче кое е буквално нејзина „копија“ кога станува збор за изгледот на ликот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

До малата двојничка дошла откако нејзините обожаватели ја упатиле на девојчето кое преку Инстаграм профилот од нејзината мајка веќе гради модна кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ??Briaaaa ?? (@iambriakay_) on

„Кога си родила дете?“, ја коментираше неверојатната сличност славниот Снуп Дог. Во зачуденоста му се придружија и актерката Пријанка Чопра и манекенката Миранда Кер, а фотографијата ја сподели и Тајра Бенкс, веројатно со цел од малата лепотица да направи успешно модно име.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ??Briaaaa ?? (@iambriakay_) on

Мајката од девојчето редовно објавува нејзини фотографии на Инстаграм. Од нив е и повеќе од очигледно дека постои неверојатна сличност меѓу малата и Ријана.

„Тоа е моето дете“, гордо напиша мајката од малечката лепотица на објавата од пејачката од Барбадос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ??Briaaaa ?? (@iambriakay_) on