Ригорозни контроли и максимална безбедност: 2600 полицајци ќе ја обезбедуваат Националната арена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


2.600 полициски службеници ќе бидат задолжени за безбедноста на присутните во фудбалската арена „Телеком“, реонот околу фудбалскиот стадион и фан-зоните, каде што поголем дел од денот престојуваат навивачите на двата клуба.

Според инструкциите на УЕФА, на стадионот може да се внесат само знамиња на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и знамиња на Шпанија и Англија.

Од МВР апелираат до сите кои имаат билети за следење на овој натпревар да дојдат порано на Националната арена заради избегнување непотребен метеж. На влезот се предвидени ригорозни контроли и нема да биде дозволено внесување монети, запалки, лименки, шишиња или други предмети, соопшти Министерството.

Од МВР велат дека се преземени сите потребни мерки и активности со цел организацијата на Суперкуп натпреварот на УЕФА меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје да мине во најдобар ред.