Home Шоубизнис Ричард Гир ќе стане татко во 70. година од животот?!

Ричард Гир ќе стане татко во 70. година од животот?!

Холивудскиот актер, Ричард Гир со новата сопруга, новинарката, 35-годишната Алехандра Силва ќе добие дете нешто помалку пред својот 70. роденден.

Тие двајца се венчаа по четири години забавување на церемонија во Шпанија, пред неколку месеци. Потоа направија и голема забава во Њујорк.

И Ричард и Алехандра имаат деца од претходните бракови. Таа го запозна Гир во текот на разводот со Говинда Фрајндленд, ќерка на богаташот, Роберт Фрајленд, со која има син.

„Бев изгубена во тој период кога се запознавме. Но, набрзо тоа наше познанство даде смисла на мојот живот. Како да ми го покажа вистинскиот пат“, изјави Силва во едно интервју.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…