Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рибар од Охрид утрово се лизнал од карпа на карпите помеѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“ и се удавил. Неговото тело е пронајдено утрово во водите на Охридско Езеро на споменатиот потег меѓу плажите.
Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици.
Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.
Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција.