Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нашите најдобри ракометари беа првопласирани во својата квалификациска група и заслужено се пласираа на Европско првенство, а денес ја добија и ветената премија.
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, РФМ исплати 40.000 евра на машката репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска 2020 година.
Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.
Европското првенство ќе се игра во периодот од 10 до 26 јануари следната година, а Македонија ќе биде во група со Австрија, Чешка и Украина.