Резил на сцената: Бритни Спирс го згреши името на градот – публиката јако ја исвирка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поп пејачката Бритни Спирс, во рамки на концертот во Блекпул, направи евтина, а сепак лоша грешка, поради што беше исвиркана од публиката.

На концертниот настап во Блекпул, во рамки на турнејата Piece Of Me, пред да започне со музичката изведба, Спирс сакаше да ја поздрави публиката, па невнимателно извика: „Како е Бирмингем … упс Блекпул!“

На ваквата грешка реагираше публиката од Блекпул, која ја исвиркала поп ѕвездата. Не помогнало многу ниту извинувањето и објаснувањето дека турнејата е напорна.