Режисерка на „18+“ филмови ги открива трите најчести сексуални фантазии на гледачите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Порно режисерите многу можат да научат и дознаат за фантазиите и вкусовите на своите гледачи низ филмовите кои тие ги „кликаат“ и коментарите кои ги оставаат на истите. Така, познатата режисерка на филмови за возрасни, Ерика Ласт, открива кои се трите најчести сексуални фантазии на луѓето кои ги гледаат нејзините филмови.

Информациите и сознанијата за сексуалните пориви на луѓето ги собрала преку својата страница X Confessions, пренесува британски Mirror.

Прва и најчеста, универзално популарна, фантазија е сексот во тројка или секс со повеќе луѓе.

„Иако многумина не се осмелуваат да го направат тоа, сите и понатаму размислуваат за ова искуство или барем сакаат да го доживеат преку видео“, вели Ласт.

Втората најчеста фантазија вклучува BDSM, односно сексуална доминација и потчинетост, во комбинација со садо-мазо елементи.

Последната фантазија е неверството, за кое режисерката истакнува дека, иако е табу тема, многу е посакувано.

„Навистина добивам многу повратни информации за тоа што луѓето мислат за неверството, но тоа е секогаш во врвот од листата“, признава режисерката.