Револуционерниве патичиња сами нарачуваат пица (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Компанијата за брза храна Pizza Hut произведе лимитирана серија патики за одредени клиенти со кои што ќе може да нарачате пица.

Произведени се вкупно 64 пара вакви патики, а се што треба да направите со нив за да нарачете пица е да го притиснете копчето кое што се наоѓа во „јазикот“ од патиката.

Патиките се поврзуваат со апликација на вашиот мобилен телефон, која што претходно треба да ја подесите со избирање на вашата омилена пица и внесување на податоците од вашиот кориснички налог.

Со притискање на копчето на патиките и потврдување на вашиот телефон, доставувачот на Pizza Hut ќе ви ја донесе вашата омилена пица на локацијата на која што се наоѓате.