Револуционерниот фластер за лекување на последици од срцев удар ќе се тестира врз луѓе


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Револуционерниот производ кој ќе ги помести границите во борбата на медицината со срцевиот удар, природниот фластер направен од милион матични клетки, кој треба да ги лекува срцевите оштетувања после ударот, е спремен за тестирање на луѓе.

Живата крпеница на срцето е фасцинантен изум. Се одгледува во лаборатории од примерок на клетки од пациентот за да не дојде до отфрлање на ткивото . Се закачува на оштетениот дел на срцето, а потоа самиот се претвора во активен мускул.

Фластерот ослободува и хемиски соединенија што ги обновуваат постоечките клетки на срцето. До сега тестирањата на лабораториски животни се покажаа успешни , а тестирањето на лиѓе ќе почне во наредните две години, тврдат кардиолозите од Империјал Колеџот во Лондон.

„Се надеваме дека наскоро на пациентите по срцевиот удар ќе можеме да им понудиме вакви рутински третмани. Би можеле покрај лекарствата на пациентите да им поставиме таков фластер”, вели докторот Ричард Џобур.

Срцевиот удар настанува кога затнувањето на артериите го блокираат дотокот на крв во срцевиот мускул поради што во него не доаѓа кислород и хранливи материи. Таков удар може да предизвика трајно оштетување на срцевиот мускул и да доведе до негово неизлечиво затајување.