Револуција во НБА: Нема повеќе Исток против Запад на Ол-старот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Здружението на професионални кошаркари и НБА лигата ги објавија реформите за ол-стар натпреварот, каде повеќе нема да има натпревар помеѓу Истокот и Западот.

Како што објавија американските медиуми, првпат во историјата на ол-стар дуелите тимовите ќе ги составуваат капитените од кошаркарите кои добиле најмногу гласови, независно од тоа на која конференција ѝ припаѓаат.

Право да ги изберат соиграчите ќе имаат играчите кои ќе добијат најмногу гласови во Источната и Западната конференција.

Тие потоа ќе ги составуваат тимовите од играчите кои право за настап ќе стекнат според гласовите на навивачите (50 отсто), играчите (25 отсто) и медиумите (25 отсто).
Овој формат ќе започне да се применува од сезоната 2018/2019 година.

Последниот ол-стар по стартиот систем ќе биде одржан во Лос Анџелес од 15 до 18 февруари 2018 година.