РЕВОЛУЦИЈА ВО ФУДБАЛОТ: Се носи правило кое комплетно ќе го промени фудбалот!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се чини дека Англичаните спремаат ново фудбалско правило после кое ништо нема да биде исто, а тоа се однесува на исклучувањето на играчите.

Познато е дека фудбалскиот судија може да додели жолт картон (јавна опомена) и жрвен картон (исклучување). Еднаш кога играчот ќе добие црвен картон, повеќе не може да се врати во игра, а не може да игра ни на наредниот натпревар. Англичаните сега смислија правило според кое фудбалерот може да биде исклучен на само 10 минути.

По примерот на некои други спортови, како ракомет и ватерполо, фудбалот во иднина може да добие правило според кое судијата ќе може да искклучи игра на 10 минути, а ова правило моментално се тестира во англиските млади категории.

„Ова правило сигурно може да функционира и што Сојузот треба да го воведе. До сега имавме 32 лиги кои го поминаа овој експеримент и искуството беше многу позитивно. Со ова значително се намалуваат приговорите на фудбалерите кон судијата, бидејќи ќе бидат надвор од игра 10 минути“, објаснува англискиот судија, Нил Бери.