Славни

Рецептот на Тито за спречување и искоренување на тероризмот

На социјалните мрежи периодов зачестено се споделува еден текст оригинално објавен пред повеќе од 40 години, кој претставува говор на Јосип Броз Тито, во кој маршалот повикува на мир и дава солуција за искоренување на светскиот тероризам.

Тито изразил несогласување со акцијата на германските специјалци во 1972 година во врска со масакрот на израелските спортисти за време на Олимписките игри во Минхен изведен од страна на палестински терористи, велејќи дека постоел многу подобар начин како да се постапи во тој случај. Во нападот биле убиени 11 Израелци и двајца Германци, а поранешниот југословенски лидер ги навел видовите терор што се случуваат и денес ширум планетава.

„Инаку, Вие знаете каква е ситуацијата. На Блискиот Исток работите влегоа во ќорсокак. Видовте што се случи во Германија на Олимпијадата во Минхен. Убиени се 11 израелски спортисти. Загинаа и двајца Германци… Поради тоа можеа да ги кренат авионите и да бомбардираат жени и деца во Либан и Сирија. Лично јас, и целиот наш народ, сме апсолутно против тоа што го направија германските специјалци во Минхен. Дали свесно или несвесно биле нечие орудие, не знам. Но, ние сме против терор, воопшто. Дајте малку да размислиме – каков сè терор постои? Што е со оној терор кога секојдневно се фрлаат илјадници и илјадници тони експлозив, кога се руши со бомби и сè живо се убива? Дали тоа е терор? Тоа е најлош терор! Според тоа, сега нека се извлечат поуки од тоа што се случи во Минхен, па еднаш засекогаш преку Обединетите нации да се направи нешто тероризмот од светски размери повеќе да не може да се појави. А тоа може да се оствари… Тоа што денес го прави Израел не го прави сам, туку има добра поддршка однадвор. Заради тоа е многу опасно. И тој терористички потфат во Минхен има една пеколна намера. Целата омраза на човештвото да се насочи кон Арапите. Тукуречи, да се ликвидираат сите Арапи на светот. Се разбира, ние мораме да се бориме против тоа целата вина да се „фрли“ на тие народи, на цели држави“ – рекол Тито во Приједор.

Со говорот, Тито дал и еден вид рецепт како да се санира моменталната ситуација со тероризмот, иако југословенскиот лидер овие зборови ги изговорил пред 40 години.

Advertisements
To Top