Рецептот на денот: Нискокалорични палачинки за добар апетит


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За да не не гризе совест, кога ќе помислиме на уживање во омиленото слатко, ние пронајдовме решение. Ви нудиме рецепт за здрави палачинки, со многу малку калории, по кои нема да ни биде жал што сме потклекнале пред искушението.

Се што ви е потребно е:

1/4 шоља овес

1/4 шоља грчки јогурт

1 банана

2 беланцет

1/2 лажица прашок за пециво

Лажица чиа семе

Шоља боровница

Подготовка:

Додајте ги сите состојки, без боровницата во блендер. Добро измешајте и од таа смеса печете ги палачинките. Можете да ги прелиете со малку мед и послужете ги со свежи боровници или други овошја по избор.

Уживајте во овој здрав и сладок оброк.