Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помислата на фактот дека твојот партнер пред тебе бил во други врски, со други девојки, а некои од нив ги сакал, ве повредува? Еве за што станува збор.
Во среќна врска со партнер или партнерка која ја сакате се е прекрасно. Но, се до моментот кога почнеш да размислуваш за нејзните бивши и пред очите ви се вртат разни „филмови“. Доколку се пронајдовте во ова познато е и како OCD ретроактивна љубомора.
Што е ретроактивна љубомора?
Ретроактивната љубомора е специфична по тоа што не е врзана за моментални работи туку за случувања кои се случиле во минатото на вашиот партнер. Се работи за многу болна појава, поради чувството дека врската е загрозена. Бившата девојка на вашиот партнер се гледа како сегашна закана за вашата врска. „Јас никогаш нема да бидам таа“ и „мене никогаш нема да ме сака како неа“, се само дел од мислите кои поминуваат низ глава на личност која пати од ваков вид љубомора. Исто така се појавува и некој вид на „гадење“ од партнерот, а со тоа и индиректно се влијае на врската.
Како да си помогнете?
Ретроактивната љубомора може да биде погубна за врската, затоа што создава јаз помеѓу партнерите. Најдобра работа која може да ја направите е да се освестите дека имате проблем и да позборувате со партнерот за тоа. Исто така, да престанете да го испитувате партнерот за минатото додека љумобората потполно не ве опседне. Клучот на ова се крие во тоа да ги препознаете благовремено знаците за оваа љубомора. И притоа свесно да ги отфрлите тие мисли за бившата девојка на вашиот партнер. Во тие моменти добро би било да пуштите песна која ве опушта и прави среќни. Во спротивно доколку не ги контролирате тие мисли, може да ја уништите врската.