Ретро римејк на легендарното „Фиќо“ за уникатна летна шема по плажите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога Италијанците ќе стават рака на дизајнот од било што, бидете сигурни дека работата е перфекционистички завршена. Уште еднаш тоа се покажа и докажа со ретро римејкот и естетското „реиздание“ на легендарниот Fiat 500 од 1958 година.

Fiat 500 е приказна сама за себе што го надминува поимот за градски автомобил. Дури и новото издание претставено пред 11 години уште важи за едно од најубавите и најпопуларните градски возила.

Годинава Fiat се надмина со римејкот на изведбата од 1958 година. Fiat 500 Jolly или во оригинал Spiaggina (баги за на плажа) беше направен во соработка со Garage Italia и Pininfarinа и е најпосакуваниот летен автомобил.

Изведен во двобојна сино-бела комбинација, само со предни седишта и без покрив, автомобилот во целост го следи рецептот на подеднакво привлечниот оригинал.

Седиштето е обвиткано со водоотпорен материјал, а назад има простор за багаж обложен со плута.