Реткоста наречена сини дијаманти – најдлабоката тајна на Земјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дијамантот Hope (Надеж), редок син дијмант и една од најпознатите светски скапоцености, имаше замрсена историја, минуваше низ рацете на многу владетели и банкари, наследници и крадци, пред да биде изложен во музејот во Вашингтон.

Но, геолошката историја на тој дијамант е уште покомплексна, велат научниците од оваа област.

Тие анализираа 46 сини дијаманти, вклучително и дијамант од Јужна Африка кој во 2016 година беше продаден за 25 милиони долари и утврдија дека настануваат на длабочина од најмалку 660 километри, во делот од Земјината внатрешност познат како долен плашт. Малите минерални фрагменти заробени во тој дел од Земјиниот состав оддаваат траги за „раѓањето“ на дијамантите.

Сините дијаманти претставуваат само околу 0,02 насто од вкупниот број ископани дијаманти, но важат за најпозната светска скапоценост.

Дијамантите се кристална форма на чист јаглерод и настануваат на огромни темератури и притисок. Сините дијаманти се кристализираат со минерали кои содржат вода и пред многу години биле дел од морското дно, но биле потиснати во големите длабочини на Земјата со придвижувањето на големите тектонски плочи кои ја формираат Земјината површина.

Научниците веќе знаеја дека дека тие дијаманти сината боја ја добиваат благодарение на хемискиот елемент бор. Најновата студија покажа дека некогаш се наоѓал во океанските води, дел од карпите на океанското дно кои со текот на милиони години биле втиснати во длабоките Земјини слоеви.

„Ова е прв пат некој да дојде до приказна или модел базиран на фактот за настанувањето на сините дијаманти. Пред оваа студија не знаевме каде се формираат, во какви карпи се формираат или од каде можеле да го добијат борот“, вели научникот од Американскиот геолошки институт Еван Смит, кој го водеше истражувањето објавено во списанието „Nature“.

Повеќето дијаманти не се сосема безбојни, туку често се со благо розовка боја. Иако се ретки, некои дури имаат и истакнати нијанси, пример, жолта, кафеава, розовка или зелена. Околу 99 насто од сите дијаманти потекнуваат од геолошките слоеви на длабочина од околу 145 до 200 километри, многу поплитко од длабочината каде што се формираат сините дијаманти.

Освен дијамантот Hope, на изложбата во Природонаучниот музеј Smithsonian има уште еден син дијамант наречен Oppenheimer Blue. Тој во 2016 година беше продаден за 57,5 милиони долари, што е најголема платена сума за било која скапоценост во историјата.

„Тие дијаманти се најдени во досега најдлабоките слоеви“, вели Стивен Ширеј, научник од Институтот за наука Carnegie во Вашингтон.