Advertisements
Авто мото

Ретко кој го знае: И ова е Порше!

Кога ќе се спомене Порше, тој автомобилски бренд веднаш алудира на луксуз, престиж, спортска елеганција, бесна машина. Но, ретко кој знае дека своевремено овој автомобилски производител произведувал автомобилски модели и за широките народни маси.

Моделот C88 бил развиен за потребите на кинеската влада за производство на семеен автомобил. Ова се случувало во 1994 година кога кинеската влада побарала од пет врвни автомобилски компании да понудат модел на семеен автомобил.

Најдобриот од нив требало да почне да се произведува под кратенката FAW.Но, во меѓувреме кинеските власти се предомислиле и почнале во 1996 со сопствено производство со ограничен увоз на автомобили од странство. Моделот на Порше е со C како почетна буква на Chin , а 88 во кинеската култура означува среќа и богатство.

Од Порше понудиле три модели , од кои најпрестижниот имал 405 сантиметри должина и 163 широчина со 1.1 мотор со сила од 68 коњски сили. За 16 секунди достигнувал до 100км/час со максимални 165 км/час. Трошел под 6 литри бензин на 100 км.

Интересно е дека уште тогаш Порше понудил целосна опрема како АБС и воздушни перничиња. Планот бил Порше да произведе половина милион примероци годишно од C88.

Овој модел е изложен во музејот на Порше , а концептот подоцна и бил продаден на Индија.

Advertisements
To Top