Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
13-годишната Индијка Ведика Гупта поради ретко генетско пореметување присилена е да живее повлечен живот, најчесто далеку од јавноста и отворениот простор.
Поради нејзината болест, кожата и крвари сeкoгаш кога е изложена на сонце. Токму поради тоа ја нарекуваат !„девојчето-змија”.
Ведика боледува од ихтиоза и поради тоа поголемиот дел од времето го поминува во соба, пренесува Дејли Меил.
„Се што можам да правам е да гледам како моите врсници си играат и уживаат во животoт. Често се прашувам зошто Бог ме казни. Што погрешив за да страдам?“, запрашува таа.
Посетила неколку доктори, но ниту еден од нив не успeал да го пронајде лекот за нејзината состојба и да и` го олесни страдањето. Единствениот спас за сега се лосионите за тело кои спречуваат сушење на кожата.
Сепак, Ведика и нејзиното семејство неодамна слушнале дека постои третман со кој било излечено уште едно девојче од Индија, Шалини Јадав. Родителите после тоа одлучиле јавно да проговорат за нејзината болест за да соберат пари за истата терапија.
Како што вели Ведика, секој пат кога ќе излезе на сонце, добива изгореници, па нејзината кожа се лупи, а понекогаш дури и крвари. Поради тие причини таа најчесто е дома, учи, црта и гледа телевизија. И сето тоа го прави сама.