Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Две кола пред крајот Ајнтрахт јуришаше на директна промоција во елитата, а тогаш се случија оние 0:6 против давеникот од Арминија. Клубот од Брауншвајг мораше да се помири со бараж, но таму се намести да налета на сепак преквалитетниот за нив состав на Волфсбург. Волците лесно излегоа на крај со Ајнтрајт, а на навивачите од Брауншвајг тој пораз многу тешко им падна.
Тогаш се случи и невообичаена сцена, кога се во прашање германските фудбалски терени на кои ретко, речиси никогаш не гледаме вакви работи. Хулиганите од домашните трибини се стрчаа на теренот со намера да ја спречат прославата на навивачите од Волфсбург. Но, Германија е сериозно добро организирана земја. Веднаш ги пречека ѕид составен од добро опремени полицајци, па хулиганите брзо се повлекоа, сфаќајќи дека нема што да прават на теренот.