Ретка снимка од култниот и мистериозен уличен уметник Banksy од 1995


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со својата слава на мистериозен, загадочен, креативен и секогаш критички настроен кон најгорливите општествени проблеми кои другите уметници често ги премолчуваат, легендарниот и анонимен уличен уметник Банкси (Banksy) си изгради имиџ на култен лик во современото општество.

А снимката која ви ја пренесуваме подолу го покажува легендарниот уметник во 1995 година, снимен на VHS снимка од ВВС во рамки на нивното шоу Shadow People.

„Забавата не доаѓа од тоа да бидеш фатен. Забавата доаѓа од тоа да не те фатат. Има многу забава во сликањето ноќе. И сликањето на нелегален начин. А тука е и тоа прекрасно време кога ќе си дојдеш дома откако си завршил со таквото сликање. Си го завршил и си ги заебал. И тоа си ги заебал јако, си одиш задоволен од завршеното и од тоа што си ги заебал сите нив. Прекрасно чувство. Веројатно заради тоа и го права ова. Поради тоа чувство повеќе од било што друго“, вели уметникот.