Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во знак на поддршка на жителите на Бејрут, град кој беше погоден од стравична експлозија пред два дена, знамето на Либан светна на зграда на плоштадот Јицак Рабин во Тел Авив. Ова е израз на ретка демонстрација на солидарност во Израел со Либан.
Ројтерс јавува дека знамето е поставено иако Израел технички е во војна со Либан со децении, бидејќи смета дека најголемиот непријател на Израел е Хезболах, либанската муслиманска шиитска оружена група поддржана од Иран.
Сепак, градоначалникот на Тел Авив Рон Хулдај изјави дека „хуманоста е над кој било конфликт“.