Актуелно

Ресорите здравство, образование и во градинките најавија 5 насто зголемување на платите

Министерот за финансии Драган Тевдовски најави зголемување на платите од 5 насто за здравствените работници, наставниците, воспитувачките и негувателките.

„Јасно ние дека не се работи за голема промена ,промената е согласно моженостите, но насоката е јасна: зајакнувањето на јавното здравство и образование е приориет. Тие се темели на опшетсвото не смееме да дозволиме земјата да биде на дното на ПИСА тестовите“, вели Тевдовски.

Минималната плата во основните училишта ќе биде 12. 714 денари, а во средните 13.117 денари. Вкупниот број на вработени во основното и средното образование е 30 238. Предвидениот буџет изнесува 145 милиони денари за 2018 година, а за следната 580 милиони денари.

„Нашата интенција е овој тренд на раст на платите да продолжи и да расте мотивацијата на наставницие. Оние, на кој им ги доверивме воспитувањето и овразованието и кој еден ден треба да седнат на овие места. Да ја предводат бизнис заедницата, да ги креираат економските политики, да менаџираат со образованието, здравството, пензискиот систем итн“, истакна министерот за образование, Арбер Адеми.

Со цел да се задржи медицинскиот персонал во земјава покачување на платите од 1500-4 500 денари ќе има и за здравствените работници. Ќе се плаќа и прекувремената работа. Но ќе се вложување и во медицинска опрема. Во буџетот се предвидени вкупно 117 483 846 денари.

„На наставниот кадар во хируршките гранки на универзиеттските клиники платата ќе се зголеми за 5300 денари, на докторите специјалисти 4.500 денари, медицинските сестри со високо образование 2000 денари, на средно медицинскиот кадар за околу 1500денари“, рече министерот за здравство, Венко Филипче

4.295 вработени во градинките ќе земаат просечно за 1000 денари поголема плата. За нив се предвидени 15 милиони денари од буџетот.

„Сметам дека во наредниот период ќе можеме да излезе заеднички со законски решенија кои што ќе значат европски стандард во растот на плати и во кариeрниот развој во предучилишното образование затоа што првите пет се најважни и ја даваат основата за понатамошниот раст и развој на нашата држава“, изјави Царовска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот на месецов побара да запрат сите тендери и огласи за времени вработување во државните институции ,покачувања на плати во пресрет на референдумот зашто сметаат дека со злоупотребата на ресурсите и буџетот се корумпира гласачкото право на граѓаните.

Министрите изјавија дека покачувањето било најавено уште минататa година во октомври.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top