Решил да се прекрсти во Христијанин Гениј Милијардер Канје Вест и да стане претседател на САД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот рапер, моден креатор и контроверзна шоубизнис фаца, Канје Вест, решил да влезе и во политичките води и тоа со прилично голема, да не речеме огромна амбиција – да стане претседател на САД. Како прв чекор во контекст на таа негова намера и реализација на идејата ќе биде промена на неговото име.

Веќе подолго време американските медиуми пишуваат дека на својата сопруга Ким Кардашијан ѝ замерува штосе облекува провокативно бидејќи тој наскоро планира да се кандидира за претседател на Америка, па смета дека нејзиниот провокативен стил не е баш во склад со неговите визии.

Како што пишуваат медиумите, Вест е сериозен во своите намери.

„Кога ќе се кандидирам за претседател во 2024 година, во оваа држава ќе има многу работа, па нема да трчам за кандидатура, туку опуштено ќе ја водам кампањата“ вели Канје.

Меѓутоа, тоа не е единствено што планира да го направи. Имено, тој откри дека планира и да го промени своето име во Christian Genius Billionaire Kanye West (Христијанин Гениј Милијардер Канје Вест. Негова цел е да луѓето сфатат што навистина значи милијардер.