Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилец забележал леглото на штетници во неговата градина, па решил да преземе нешто во врска со негово уништување.
Цезар Шмиц решил да го запали, но тој никако немал намера да си го уништи дворот. Сцената е снимена од безбедносна камера, а на видеото се гледа експлозија која го преплашила Цезар, но и неговите миленици.
За среќа, никој не е повреден во инцидентот. 48-годишен возач на камион од Енеас Маркес во јужен Бразил изјави за „Фокус он њуз“ дека неговата сопруга се пожалила дека нивната градина е полна со лебарки.
Dude went to the Yosemite Sam school of how to deal with critters. pic.twitter.com/40ElxsFPem
— Klara Sjöberg (@klara_sjo) October 20, 2019
„Таа се плаши од нив и ме замоли да го уништам гнездото под земјата еднаш засекогаш“, рече тој. Открил дека прво користел отровен спреј за да ги убие , но само предизвикал лебарките да излезат на површината. Во тој момент, тој станал очаен и почнал да размислува за друго решение и решил да ја наполни дупката со бензин и внатрe да фрли запалка.