Решена иднината на Де Геа – ќе биде објавена пред Мундијалот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иднината на Давид де Геа веќе подолго време е „жешка“ тема и се погласно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а англиските медиуми тврдат дека неговата иднина е веќе позната.

Имено, Де Геа наскор ќе стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и ќе стане втор најдобро платен играч на тимот со плата од 350 илјади фунти неделно. Повеќе од него ќе заработува само Алексис Санчез, кој во моментов добива 505 илјади фунти неделно.

„Клубот е сигурен дека проблемот со Де Геа е веќе решен. Желбата е сè да биде решено уште пред Светското првенство. Тоа треба да биде најава дека Давид нема да оди никаде“, изјави извор близок од клубот.

Сегашниот договор на шпанскиот голман е до следното лето, но од „црвените ѓаволи“ имаат клаузула за неговото продолжување за една година. Сепак преговори меѓу двете страни беа започнати уште пред неколку месеци за негово продолжување, за да биде отфрлена секаква можност Де Геа да замине.