Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сексот не се смета како „секојдневна физичка активност“ која ја предлагаат фитнес инструкторите.
Доколку би се сметала како физичка активност се поставува прашањето колку калории би можеле да согориме во текот на една партија секс.
Никол одлучила во текот на сексот да носи часовник кој ќе и ги мери отчукувањата на срцето и бројот на потрошени калории за да се увери колку сексот е добра физичка активност. Она што на крајот го дознала малку ја изненадило.
„Не сум согорила онолку калории колку што предвидов, но имав еден квалитетен кардио тренинг“, истакнува таа.
За просечно времетраење на секс од околу 14 минути согорила 64 калории, додека пулсот и бил 131 отчукувања во минута.
Просечно, сексот во светот трае од 15 до 17 минути, без предигра. Најмногу калории се согоруваат ако жената е одозгора, а во текот на мисионерската поза жената согорува 60 калории. Она што привлекува внимание е дека часот може да биде лошо средство за мерење на потрошените калории во текот на сексот.
Прво, тој ја нема опцијата мерење, а второ некои физички активности како трчањето и јогата полесно се следат. Истражувањето кое е спроведено на Универзитетот Монтреал, укажа на тоа дека во просек мажите трошат 100 калории во текот на 30 минути секс, додека жената троши само 69 и тоа со предиграта. Тоа е последица на разликата во тежината која подразбира поголема потрошувачка на калории.