Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Археолошкото откритие од пред 15 години во чилеанската пустина Атакама иницираше лавина од шпекулации и теории на заговор.
Мумифицираниот скелет кој беше откриен во Чиле покрена голем број коментари поради неговото вонземско потекло поради неверојатниот изглед. Имено, иако се работи за скелет на женско новороденче, тој е висок само 15 сантиметри, а коските му изгледаат како на дете на возраст од 6 до 8 години. Уште поневообичаено е дека скелетот има издолжена глава и 10 наместо 12 пара ребра.
Скелетот наречен Ата беше пронајден во Ла Норија, напуштен рударски град среде пустината во Чиле пред 15 години, но на крајот беше продаден на приватен колекционер во Шпанија. Иако професорот по микробиологија и имунологија на Универзитетот „Стенфорд“, Гери Нолан, во 2013 година докажа дека Ата има човечко потекло, истата година скелетот стана тема во документарниот филм „Сириус“ како потенцијален доказ за постоењето вонземски живот.
Сепак, научен тим од Калифорнија, предводен од Нолан, сега успеа да извади ДНК од мумијата со цел да се спроведе генетска анализа, која конечно ја открила трагичната вистина за Ата, објави британски „Гардијан“. Имено, не станува збор за вонземјански, туку за човечки остатоци од бебе, кое починало непосредно по раѓањето поради ужасни мутации што го деформирале неговото тело.
Нолан и неговите колеги ја објавија ДНК-анализата која покажува дека Ата имала мутации на најмалку 7 гени за кои се знае дека предизвикуваат големи дефекти во развојот на коските или го забрзуваат нивниот развој. Покрај тоа, Ата веројатно имала релативно честа и потенцијално смртоносна болест наречена вродена хернијација на дијафрагмата, пишува „Гардијан“.