Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во река во Алабама пронајден е автомобил на студент, кој бил прогласен за исчезнат во 1976 година. Во автомобилот се најдени неговиот паричник, личната карта и човечки останки.
Кајл Клинкејлс, студент на Универзитетот во Обурн, последен пат бил виден ноќта на 27 јануари 1976 година, како вози од неговиот роден град ЛаГранж назад во кампусот, изјавил Џејмс Вудраф, шерифот на округот Труп, на вчерашната прес-конференција.
22-годишникот никогаш не пристигнал на Универзитетот во Алабама и досега не се знаело што се случило со него, пишува CNN.
„Го баравме Клинкејлс и неговиот автомобил 45 години. Следевме стотици индиции и никогаш не најдовме ништо важно“, рече Вудруф, додавајќи дека за време на истрагата ги исцедиле езерата и извршиле бројни други пребарувања.
Полицијата во вторникот добила пријава за возило лоцирано во поток во близина на Каунти Роуд 83. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, пронашле делумно потопен автомобил.
Сид Локхарт, шериф на округот Чемберс, рече дека возилото било пронајдено неколку милји подалеку од патот што Клинкскејлс обично го користел за да се врати на универзитетот. Тој додаде дека не знаел дали областа била пребарана во моментот на исчезнувањето на студентот.
Полицајците го пронашле паричникот на студентот, кредитните картички, личните документи и неколку коски во рѓосаниот автомобил.
„Веруваме дека се работи за човечки останки. Го повикавме Бирото за истрага во Џорџија. Во моментов правиме анализа за да утврдиме дали се работи за коски на студентот“, рече Вудруф.
Мајката на исчезнатиот починала на почетокот на годинава, цело време надевајќи се дека нејзиниот син во одреден момент ќе се врати дома. Таткото на Клинкскејлс починал во 2007 година.