Advertisements
Актуелно

Реприза од минатото: Шешељ повторно јавно ги спали знамињата од НАТО и ЕУ

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на одбележувањето од 20-годишнината од бомбардирањето на тогашна СР Југославија од страна на НАТО, јавно ги запали знамињата на Европската унија и НАТО.

Со тоа симболично испрати порака за односот на српските радикали кон тие организации, соопшти неговата Српска радикална партија.

Тој во 2016 година пред зградата на Специјалниот суд во Белград ги запали знамињата на ЕУ и НАТО, пред да биде сослушан во Специјалниот суд во врска со барањето на Хашкиот суд за неговото предавање на Трибуналот, каде на 31 март 2016 му беше изречена првостепена пресуда, но сослушувањето беше откажано поради процедурални причини.

На денешниот собир Шешељ порача дека српскиот народ никогаш нема да го заборави злосторничкото бомбардирање на Србија, како и дека никогаш нема да се помирисо идејата дека Србија треба да стане членка на НАТО.

Шешељ истакна дека Србија нема што да бара во ЕУ, каде, како што рече, се сконцентрирани сите најлоши непријатели на српскиот народ.

Advertisements

Најпопуларно

To Top