„Репортери без граници“: Македонија 109 место според медиумската слобода


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според извештајот од организацијата „Репортери без граници“, Македонија се наоѓа на ниското 109-то место во поглед на слободата на медиумите.

„Репортери без граници“ предупредува дека кршењето на слободата на печатот повеќе не е прерогатив само на авторитарните режими и диктатури.

Оваа организација со седиште во Париз во својот Светски извештај за слободата на печатот од 2017 година, објавен денеска, додава дека таа проценка ги вклучува САД и неколку земји-членки на Европската унија.

„Непријателството кон медиумите од страна на политичките лидери повеќе не е ограничено на авторитарните земји како што се Турција и Египет каде што „медиумската фобија“ сега е толку изразена што новинарите рутински се обвинети за тероризам и сите оние кои не нудат лојалност се затворени“, се вели во извештајот.

Од Балканот на ранг листата најдобро е пласирана Босна и Херцеговина на 62 место. Следуваат Хрватска на 69, Србија на 76, Косово на 78, Црна Гора на 103 и Македонија на 109 место