„Реновирањето“ продолжува: По кадата, од Охридско Езеро извлечена вреќа со плочки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Охридскиот нуркачки клуб „Акватек“, по извлекувањето на када минатата недела од водите на Охридското Езеро, сега изваде и вреќа со санитарни плочки во близина на брегот. Спакувани во вреќа се пронајдени плочките, кои веројатно се фрлени откако сопственикот ја реновирал бањата.

Никола Паскали од „Акватек” на социјалните мрежи информираше дека кадата е извлечена од езерото, но сè уште не е подигната од страна на комуналните служби.

„Вреќата со плочки беше лоцирана 2018 година. Сега е извадена…. Полека но сигурно до крајот на сезонава апартмачето ќе го реновираме… Рибиве шо ме гледет си викет овај не е нормален“, напиша Паскали на Фејсбук.