Реномираната „Марка“ му се поклони на Пандев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред почетокот на Европското првенство Горан Пандев е едно од фудбалските имиња кои најмногу го привлекуваат вниманието.

Нашиот најдобар играч е подготвен да ја води Македонија во новите предизвици во кариерата. Засега неговите најави се дека ќе се пензионира по крајот на шампионат. Сега и реномираната „Марка“ одвои време на своите читатели да им раскаже за големината на Пандев.

Шпанците пишуваат дека Пндев не е „светски голгетер“, но дека има неверојатна фудбаска интелигенција со која прави Македонија да изгледа подобро на теренот. Во текстот тие потсетуваат и на големата победа на Македонија против Германија.

Ќе потсетиме, македонската репрезентација веќе е во Букурешт каде што се подготвува за првиот натпревар против Австрија на 13. јуни.