Рено ја напушта Русија – еве за што ќе ја пренаменат фабриката Русите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Групацијата Renault реши да прекине производството на автомобили во Русија и да ја напушти земјата по настаните во Источна Европа и руската инвазија на Украина, по што градоначалникот на Москва најави дека фабриката на Renault во руската престолнина ќе добие поинаква намена.

Имено, првиот човек на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, изјави дека странските сопственици одлучиле да ја затворат фабриката за автомобили Renault во Москва, но дека функционерите не смеат да дозволат работниците да останат без работа.

„Странскиот сопственик одлучи да го затвори Renault во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа“, рече Собјанин.

Како решение за овој проблем, Собјанин нагласи дека во иднина фабриката наместо под името Renault, ќе продолжи да произведува автомобили под историскиот бренд Москвич.

„Одлучив да ја префрлам фабриката во градскиот буџет и да го продолжам производството на автомобили под историскиот бренд Москвич. Ќе се обидеме најголемиот дел од тимот да работи директно во фабриката и со нејзините подизведувачи“, нагласи градоначалникот.

Како што појасни, главен технолошки партнер на реновираната фабрика за автомобили Москвич треба да биде руската компанија КАМАЗ (Камски автомобилски завод, по реката Кама, голема лева притока на Волга). Во првата фаза од работата на компанијата треба да се организира производство на класични автомобили со внатрешно согорување, додека во иднина да се префрлиме на производство на електрични автомобили.

„Покрај тоа, заедно со КАМАЗ и Министерството за индустрија и трговија на Русија, работиме на локализирање на производството на максимален број автомобилски компоненти во Русија“, објасни Собјанин.

Инаку, фабриката за автомобили под култното име Москвич има долга историја. Започна со производство на Ford пред речиси 100 години (од 1929), а потоа со децении произведуваше автомобили наречени Москвич.

Од 1998 година фабриката соработува со Renault, а токму од овие производни линии на пазарот пристигнаа и Dacia Logan, Duster и Sandero.

Името Москвич на руски значи „родум од Москва, Московјанец“ и ја потенцира локацијата каде се произведуваат автомобилите – главниот град на Русија. Од почетокот до 1991 година беше во државна сопственост, а потоа до 2010 во приватна. Банкротираше во 2002 по што целосно се затвори во 2006. Во 2008 година Renault Russia презеде дел од производствените погони.