Ременски му порача на Бучковски ич да не заминува за Софија ако нема читано нејзиниот докторат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата пратеничка и потпретседателка на Собранието од редовите на СДСМ Фросина Ременски, преку Фејсбук му порача на специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, да не оди во Бугарија пред да го прочита нејзиниот докторат.

– Ако специјалниот претставник на државата во преговорите со Бугарија, проф. Бучковски не го прочитал мојот докторат објавен во монографија „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби” со добиена Државна награда за наука во интерес на државата „Гоце Делчев” за 2008 година, нека не тргнува за Софија на преговори, пишува Ременски.