Релативно топол четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот мартовски четврток во Македонија носи променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневна температура до 19 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид 14, Битола 19, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 20, Дојран 19.

Утре времето ќе биде претежно облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено долж Повардарието. Во Скопје облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 18 степени.