Актуелно

Релативно сончева октомвриска среда

Денес, среда, 9 октомври, во утринските часови во Македонија ќе имаме локално зголемена облачност, но преку денот облачноста ќе се намалува. Во попладневните часови ќе преовладува малку до умерено облачно време со умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од четири до 12, а дневната температура од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умрен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 23 степени. Дневните температури ќе достигнат во Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 20, Берово 18, Кавадарци 24, Дојран 23.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат за неколку степени над нулата.

Advertisements
To Top