Home Актуелно Релативно сончев вторник

Релативно сончев вторник

Денес, 14 јули, во Македонија носи сончево време со умерена облачност. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. Маврово 21, Охрид и Берово 24, Битола 26, Крива Паланка 25, Кавадарци и Дојран 29.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…